Професорскиот пленум јавно ги повика колегите и сенаторите на УКИМ да побараат свикување итна и јавна вонредна седница на Сенатот на УКИМ, која би се одржала најрано на 8-ми, а најдоцна на 15-ти јануари 2016 година и на која ќе присуствуваат и претставници на Студентскиот пленум, на Мугра, на Професорскиот пленум, како и претставници на медиумите.

Ss._Cyril_and_Methodius_University_of_Skopje

Професорскиот пленум предлага седницата да ги има следните точки на Дневен ред:

Дали имало и кој ја издал дозволата за сечење дрвја во паркот на Универзитетот, во доцните ноќни часови;
Дали имало официјален повик, кој го издал и заради што го издал повикот специјалната полиција да влезе на територијата на Универзитетот, во понеделникот на 14.12.2015 година;
Информација за процедурата и правната основа за започнатите градежни активности во рамките на Кампусот за општествено-хуманистички науки.

„Со оглед на тоа што ректорот Велимир Стојковски не одговори на Јавниот повик на Професорскиот пленум да свика вонредна седница на Сенатот на УКИМ, сметаме дека ваше право, должност и одговорност е да преземете активности во насока на решавање на сите нејаснотии околу наведените точки. На тој начин ќе ја превенирате евентуалната ескалација на ситуацијата во општествено-хуманистичкиот кампус на УКИМ, а воедно ќе ја заштитите автономијата на високото образование и дигнитетот на академската заедница“, се наведува во јавниот повик на Професорскиот пленум.

Слични содржини