Професорскиот пленум денеска безрезервно ги поддржа членовите на СОНК, охрабрувајќи ги да продолжат со штрајкот сѐ до постигнување на крајната цел и исполнување на нивните барања.

„Правото на штрајк е уставно загарантирано во Македонија и никој нема право да го спречува, посебно не носителите на јавни функции и претставниците на власта. Затоа, исклучително важно за демократскиот амбиент во државата е членовите на СОНК да бидат јавно поддржани од сите граѓани да истраат во нивната битка за остварување на зацртаните цели и подобрување на условите во кои работат просветните и културните работници“, се вели во денешното соопштение од Професорскиот пленум
Професорскиот пленум ги поддржува и најавените протести организирани од СОНК кои се планираат во текот на оваа недела и ги повикува своите членови да се приклучат кон нив, изразувајќи на овој начин солидарност со своите колеги наставници.