28
Министерството за здравство во Газа прогласи епидемија на детска парализа (полиомиелитис) во енклавата и за тоа ја обвини израелската воена офанзива.
Светската здравствена организација минатата недела предупреди дека постои голем ризик од ширење на тој вирус во Појасот и надвор од неговите граници, поради исклучително лошата здравствена и санитарна ситуација во Газа.
Извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел пред неколку денови изјави дека откривањето на полиомиелитисот во Појасот Газа е „исклучително вознемирувачко, велејќи дека дополнително го влошува статусот на окупираната територија, како една од најопасните места за деца во светот“.
Таа изрази загриженост и поради ширење на други заразни болести, како колера, во Појасот Газа.