Прогласени победниците на Златно тркало 2025 – кои се најпосакуваните автомобили во Македонија?

од Nikola Popovski
32 прегледи

Најпосакуван автомобил во Македонија е Cupra Formentor, покажаа резултатите од гласањето на Златно тркало 2025, по двонеделно активно учество на автомобилските ентузијасти од целата држава.

Ова петто издание на Златно тркало 2025 донесе рекорден интерес – досега најголем одзив во историјата на изборот, со вкупно 30.630 гласови распределени во пет категории.

Освен главната награда – најпосакуван автомобил во Македонија, Cupra Formentor кој доби 39 отсто од гласовите, за најпосакуван премиум автомобил беше прогласен Audi A5, кој доби 35 отсто од гласовите.

Најпосакуван семеен автомобил во Македонија со 27 отсто од гласовите е Opel Grandland, додека најпосакуван градски автомобил во земјава е Geely Coolray, кој доби 24 проценти од гласовите.

Според резултатите од гласањето, најпосакуван електрифициран автомобил во Македонија со 30 отсто од гласовите е Peugeot 3008.

Циклусот на гласање за Златно тркало 2025 официјално заврши на 4 април во 23:59 часот. Учество можеа да земат сите нови автомобили кои се промовираа на пазарот во изминатите 12 месеци, а на конечната листа се најдоа моделите кои овластените импортери одлучија да ги номинираат. По ова, финалистите беа ставени на гласање пред јавноста, а сите граѓани од земјава кои имаат пристап до интернет и социјални мрежи можеа да го дадат својот глас.

Како и секоја година, сите финалисти беа подеднакво промовирани на социјалните мрежи од страна на организаторите: Авто Плус, CARClub, Cars by Vik и RPM.

Златно тркало станува сѐ пореномирана и попопуларна манифестација, благодарение на заедничкиот ангажман и професионалната организација, како и транспарентниот процес на избор.

По иницијатива на Авто Плус, заедно во организација CARClub, Cars by Vik и RPM, Златно тркало претставува уникатен начин за да се избере најпосакуваниот автомобил и истиот израснува во традиционална манифестација.

Слични содржини