Товарниот вселенски брод “Прогрес-МС” се одвои од Меѓународната вселенска станица (МВС).
Тој ќе биде изведен од орбитата и натоварен со ѓубре од МВС, ќе биде погребан во Тихиот Океан во т.н. гробишта на вселенски бродови, пренесуваат руските агенции.
“Гробиштата” се наоѓаат на неколку илјади километри од главниот град на Нов Зеланд Велингтон во област на Пацификот, каде нема превоз.
Практично бродот речиси целосно ќе изгори при спуштањето и навлегувањето во слоевите на атмосферата. До водите на океанот ќе достигнат само огноотпорни елементи од конструкцијата на бродот.