Произведен нов кондом, потенок од човечко влакно

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Научниците од Австралија користеле локална бодликава трева во развој на кондом , кој е потенок од човечкото влакно, но и покрај тоа не ја губи цврстината.

Fundstuecke_JUgibtGummi

Новиот производ може наскоро да го промени верувањето дека кондомите го уништуваат задоволството од сексот.

Специјалисти од Универзитетот на Куинслад користеле како додаток на латексот наноцелулозна материја извадена од австралиската трева од родот Triodia . Односната супстанца која ги подобрува физичките својства на латексот и го прави потенок, здрав и флексибилен.

Австралиските експерти ја нарекува тревата наноцелулоза Светиот Грал за природниот каучук.

Истражувачите се надеваат дека новиот кондом ќе биде за 30 проценти потенок од традиционалните.