Произведени 18.449 MWh енергија, домаќинствата целосно задоволени

од Stefanija Kuzmanovska

АД ЕСМ на 26.01.2023 година произведе 18.449 MWh електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти.

Во Термоелектраните произведени се 11.850 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 6.599 MWh.

* Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 26.01.2023 година.

Слични содржини