Производите со „гарантирана цена“ нема да имаат поголем ДДВ од 5%, уверува Бектеши

од Nikola Popovski

Ниту еден од производите со „гарантирана цена“ нема да има ДДВ поголем од пет отсто, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Според него, цената на овие основни прехранбени производи може да биде само дополнително намалена, но никако и зголемена.

Како што истакна Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања по конференцијата  „Македонска економија-довербата расте“, и покрај предвиденото зголемување на ДДВ-то „нема шанси да порасне инфлацијата во делот на храната“.

Тој се уште во целост не ја погледнал листата на производи за кои се најавува зголемување на данокот на додадена вредност, но доколку се утврди дека со неа се опфатени и некои од основните прехранбени производи со гарантирана цена, тоа, потенцира, ќе биде веднаш корегирано.

-Им гарантирам на граѓаните дека ако во листата на производите со зголемено ДДВ има технички грешки направени од вработените во Министерството за финансии, тоа утре ќе биде ревидирано, порача Бектеши.

Слични содржини