Производството на гас на „Газпром“ падна за 10%, а извозот за 33 отсто

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Производството на гас во „Газпром“ падна за 10,4 отсто на годишна основа од почетокот на 2022 година до сега, на 249,7 милијарди кубни метри, според прелиминарните податоци на компанијата.

Извозот на гас на „Газпром“ во земјите надвор од Заедницата на независни држави (ЗНД) е намален за 33,1 отсто на 71,9 милијарди кубни метри, пренесува ТАСС, прецизирајќи дека овие податоци се однесуваат на период од шест и пол месеци.

Просечниот дневен извоз во јули е намален за речиси четвртина во однос на јуни, на 200 милиони кубни метри, покажува статистиката на холдингот, кој забележува дека испораките на гас се вршат врз основа на потврдени барања.

Компанијата додаде дека извозот на гас во Кина преку гасоводот Моќта на Сибир расте, во согласност со долгорочниот договор меѓу Гаспром и кинеската CNPC.

Слични содржини