Производството на руската државна нафтена компанија Роснефт падна за околу 560.000 барели дневно во однос на февруари, се наведува во анализата на агенцијата Блумберг.
Според магазинот „Недеља“ на Националниот нафтен комитет на Србија, Роснефт во февруари произведувал околу 3,8 милиони барели дневно, но до средината на мај тој паднал на 3,24 милиони.
Севкупно, руското производство на нафта беше намалено за 830.000 барели дневно од февруари до средината на мај, што значи дека Роснефт е одговорен за околу две третини од падот на производството. Сепак, постојат индиции дека Роснефт и другите руски нафтени компании го зголемиле своето производство во текот на мај. Инаку, клучен купувач на руската нафта во моментов е Индија, со која Москва тргува со попуст.