Компанијата Реплек АД Скопје ја информира јавноста за промени во сопственичката структура, односно кај акционери кои поседуваат над 5% од акциите на друштвото, согласно обврските од Глава 6 и член 38 од Правилата за котација на Македонската берза, пишува „Бизнис инфо“.
Според објавената информација Пецовски Владимир, акционер со над 5%, се стекнал со четири нови акции, со што неговото вкупно учество во Реплек АД изнесува 16.520 акции, односно 6,37% од вкупниот број на издадени акции.