Промените во мирисањето ја спасиле моногамността и верноста

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Трајните врски и верноста меѓу меѓу двата пола се должат на фактот дека современиот човек ја загубил способноста да ги доловува половите феромони на други луѓе – за разлика од нашите предци.love_sex1

Австралискиот антрополог Мајкл Сотърд е убеден дека токму во тоа е тајната на моногамните односи, пишува “Дејли мејл”.

Во својата книга “Носот на Адам и обликувањето на човештвото” научникот стигнал до заклучокот дека пред 20 милиони години нашите предци се привлекувале сексуално не од својот изглед, туку од мирисот. Но, во процесот на социјализација на човекот врската меѓу мирисањето и сексуалната желба се изгубила. И за добро, бидејќи во спротивно луѓето не би можеле да воспостават постојани односи, влечкајќи се постојано кон други објекти од двата пола, атрактивни со својот мирис. “Моногамијата, која лежи во основата на секоја семејна структура, не би можела да одолее на сексуалниот притисок во општеството”, забележува Сотрд.

За разлика од кај цицачите, кај денешниот човек мирисот е поврзан со оние делови во мозокот кои се одговорни за рационално однесување, објаснува антропологот. Токму затоа во текот на еволуцијата луѓето биле првите кои почначе да ги гледаат како непријатни своите мириси.Постепено тие почнале да ги отстрануваат со сапун и вода или пак на вештачки начин да даваат пријатен мирис на телото.

“Еволуцијатата на човештвото го оддалечила од многу инстинктивни реакции на миризби кои управуваат други цицачи”, објасни научникот. Според Сотрд во мозокот на човекот уште се останати делови, кои реагираат на сексуалните мириси, но сега ги возбудуваат парфемите “.