Промискуитетот на ЕУ- нели немаше да има исклучоци за Турција?

од desk3
100 прегледи

Турција не ги исполнува сите услови за безвизен режим со ЕУ, но и покрај тоа е на пат да го добие. Причината: бегалската криза. Токму заради неа Брисел е подготвен да ги затвори очите за многу од неправилностите во Турција-анализира DW.

0,,19111336_303,00

Бидејќи е јасно дека Турција не гi исполнила сите 72 услови за намалувањето на визниот режим, Брисел i дава на Анкара нов рок да си напише домашна задача. Над 60 од критериумите во меѓувреме се исполнети, објави ЕК во едно од последните изјави на оваа тема. Аплауз предизвика најмногу одлуката на турската влада да им овозможи на граѓаните на Кипар да влезат во Турција без визи. Бидејќи важи принципот на реципроцитет – штом во иднина милиони турски граѓани ќе патуваат слободно во земјите од ЕУ, исто треба да важи и за европските граѓани кои патуваат во Турција.

Но отсега е јасно дека Турција нема да успее да ги исполни сите барања – на пример во однос на заштитата на податоците, борбата против корупцијата, спроведувањето на Европската повелба за човековите права и соработката во областа на правосудството.

Никакви исклучоци?

 

Митов: Ги поддржувам условите на Хрватска за членство на Србија во ЕУ, но имаме прашања за бугарското малцинство

Уште минатиот октомври шефот на ЕК Жан-Клод Јункер препорача да се постигне напредок по прашањето за елиминацијата на визите за турските граѓани. Но во Европскиот парламент има силен отпор. “Не треба да ги игнорираме внатрешните проблеми на Турција. Ако сака да биде стратешки партнер на ЕУ, земјата треба да стане постабилна и подемократска”, изјави холандската европратенички Кети Пири и предупреди дека преговарачкиот процес со Анкара треба да зависи од напредокот на реформите, а не да функционира на принципот “зел-дал”. Како Пири мислат и други – на пример Александар Граф Ламбсдорф, заменик-претседател на Европарламентот, кој предупреди овие денови дека барањето за либерализација на визниот режим со Турција може и да не го добие потребното мнозинство во ЕП.

0,,18762565_404,00

Но зборот го има не само Европскиот парламент – туку владите на одделните земји-членки, исто така треба да го одобрат намалувањето на визите за турските граѓани. Германската канцеларка Ангела Меркел повеќепати вели дека нема да се прават никакви исклучоци за Турција. Но Европа може да си остави една дупка: да ги врати визите, ако на пример Турција престане да прима назад бегалци од Грција. Скептичните Французи многу инсистираат за вклучување на таква клаузула.

Кога во октомври 2005 година преговарачкиот процес со Турција конечно започна, очекувањата беа претежно оптимистички: во тоа време Турција се смета како пример за подршка во муслиманскиот свет, а Ердоган личеше на реформатор, кој сака да ја зближи земјата со Западот. “Денес сме сведоци на радикален пресврт во однесувањето на турското раководство. Владејачката Партија на правдата и развојот првично се обложуваше на реформите, но од 2014 година почна да се држи постојано апсолутистички”, вели поранешниот амбасадор на ЕУ во Турција Марк Пиерини. Според него, најголем регрес се забележува во овие области: слобода на мислењето, правна држава, независност на судството и надворешна политика, на пример – војната во Сирија. Пиерини предупредува дека договорот со Турција за бегалци може да пропадне, а тоа ќе ја соочи Европа со сериозни предизвици.

“Она што ни недостасува”

“Усвојувањето на Турција во ЕУ ќе биде предизвик и за двете страни”, е запишано во препораката на ЕК од 2004 година. “Пророчки зборови”, вели за ова германскиот европратеник Исмаил Ертуг, кој е од турско потекло. “Не сум очекувал таков развој во Турција! Од Ататурк со години земјата гледаше кон Европа, но откако започна третиот мандат на сегашното управување, настапи целосен пресврт. Во исто време е факт дека и ЕУ нема јасна стратегија за Турција. Она што ни недостасува е повеќе ангажман и тврда позиција “, посочува Ертуг. Но вели и друго: “Турција е динамична земја која и претходно успеа да се справи со сериозни проблеми”. Токму на тоа се потпираат сега и многу од одговорните лица во ЕУ.