Денес за почетокот на поднесувањето на барањата за третата бескаматна кредитна линија со гранд компонента, Ковид 3, ќе информираат министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Развојната банка на С.Македонија, Кире Наумов.
Ова се финансии реализирани од Европската Унија која покрена активност насловена како ЕУзаОтпорност во рамки на ИПА програмата за износ со вкупна вредност од 30 милиони евра, како и со буџетска поддршка во износ од 1 милион евра. Омено, поднесувањето на овие кредитни барања за бескаматна кредитна линија почна од полноќ.
Оваа линија е наменета за микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии чие работење е погодено од КОВИД-19, а се мери преку падот на приходите од најмалку 20%.
Јавниот повик ќе биде отворен за поднесување кредитни барања до 30 декември 2020 година заклучно со 23:59 часот, вкупно 15 дена.
Аплицирањето е исклучиво електронски на е-маил адресата [email protected].