Промовирана втора песна за фудбалерите: „Македонија на Европско“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Пред претстојното прво учество на Македонската фудбалска репрезентација на некое големо натпреварување, популарното музичко дуо ДНК, денеска ја промовираа новата навивачка песна.

Истата е со наслов „Македонија на Европско“ и претставува втора песна после веќе промовираната навивачка химна во изведба на „Вис Рисови“.

„Драги наши, “МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОПСКО” е тука!! Песна што ја посветивме на нашите фудбалски репрезентативци кои се нашите херои! Благодарност до сите учесници“, стои во објавата на ДНК на социјалната мрежа Фејсбук.

Македонија на 13 јуни против Австрија во Букурешт го играат дебитантскиот натпревар на големите европски натпреварувања.

Слични содржини