497
Српската полицијата за време на рација за дрога во куќа во Белград пронашла човечки череп во куќа на еден маж. По наредба на обвинителството черепот е даден на обдукција и ДНК анализа.
Според неофицијални информациин кои ги пренесоа повеќе српски медиуми, мажот рекол дека тоа е черепот на неговиот татко кој починал пред 45 години и бил погребан во семејната гробница
Жителот на Белград чиј идентитет не е откриен, наводно черепот го видел кога гробницата била отворена за да погребаат роднина.
Тој тогаш забележал дека недостасува долната вилица од черепот на неговиот татко и ги нема златните заби. Го зел черепот и го чувал дома во комода и не ја известил полицијата за случајот.