Од Министерството за внатрешни работи за „Курир“ ја потврдија информацијата дека е пронајден починат таксист во центарот на Скопје односно кај скопската Железничка станица.

По увидот е констатирано дека починатиот немал траги на насилство, а повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.