382
СВР Охрид информира дека вчера вечерта било пријавено дека на локален пат во охридското село Долно Лакочереј, во своето возило „Фолксваген Кеди“, во бессознание пронајден е Т.С.(49) од Струга.
Како што велат од полицијата, при преглед во возилото пронајден е шприц со остатоци од течност.
Со интервенција на екипа на Итната медицинска помош од Охрид тој е пренесен во медицинска установа за укажување на лекарска помош.