Поранешниот воен разузнавач, Горан Софески утринава е пронајден мртов во шумскиот појас во близина на селото Раштани, пет километри од Кичево, откако синоќа бил пријавен за исчезнат. Во тек е увидот на местото на настанот, поради што од Министерството за внатрешни работи не можат да откријат повеќе детали.

goran sofeski

Софески последен пати бил виден синоќа, кога излегол од дома на спортски лов и не се вратил. Утринава, околу 7.00 часот, бил пронајден мртов од страна на случаен минувач.

Горан Софески е поранешен шеф на военото разузнување, а неодамна бил прераспореден во Куманово во касарната на АРМ.

Специјалното обвинителство на Јанева уште се обучува и сместува

Не се познати причините поради кои настапила смртта.

Според МВР синоќа, околу 17 часот, Софески бил пријавен за исчезнат во полициската станица во Кичево од страна на неговиот татко.

44- годишниот Горан Софески   беше и обезбедување на актуелната министерка за труд и социјала, Фросина Ременски, за време на протестите пред Владата. Беше критички настроен кон власта, а ја откри и аферата за шверцот со армиско оружје.

.

Слични содржини