Пронајден мртов маж во стан во Скопје

од desk2
96 прегледи

МВР соопшти дека е пронајден мртов 45-годишен маж во стан во Скопје.

Вчера во 13:56 часот во СВР Скопје, Д.Б. пријавил дека во стан на ул.„Никола Киров Мајски“ во Скопје го пронашол починат без траги на насилство З.С.(45), кој живеел сам во станот на неговата сестра.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.