Пронајден мртов познат милионер, бил во врска и со Линдзи Лохан, Деми Мур и Бритни Спирс

 

Американскиот бизнисмен Хари Мортон изненадно починал во 39. година од животот. Бил сопственик на познат ланец ресторани, а станал познат поради тоа што наводно бил во врска со пејачката Линдзи Лохан.

– Ожалостени сме со смрта на Хари. Беше визионер и претприемач пред своето време. Нашите мисли се со неговото семејство – се простила од него вработените во неговиот ланец ресторан.

Мортон го поткренал ланецот ресторани во 1999, а јавноста се заинтересира за него во 2006 година, кога започна да се гледа со актерката Линдзи Лохан. Својата врска никогаш не ја потврдија, но сепак, Линдзи на Инстаграм се прости од него.

https://www.instagram.com/p/B5RFFL1BcoQ/?utm_source=ig_embed

„Најдобар пријател. Најдобар живот“, напишала актерката заедно со заедничката фотографија која ја објавила.

Извор близок на Линдзи рекол дека таа е шокирана од неговата смрт. Тие се запознале на нејзиниот 20. роденден, а кратко потоа биле забележани заедно на Венецијанскиот филмски фестивал.

По Линдзи, Мортон бил во врска и со актерката Деми Мур, пејачката Бритни Спирс и манекенката Парис Хилтон.

Мортон бил најден во семејната куќа, од страна на неговиот брат, а причината за смртта не е позната. Неговиот татко е сопственик на ланецот кафулиња „Hard Rock Cafe“.

Слични содржини