Пронајден професионално обучениот коњ кој беше украден во Хиподром

од Andreja Salpe

Професионално тренираниот коњ, кој беше украден пред неколку дена, денеска е пронајден и вратен назад.

Во јавноста протекоа информации дека се работи за професионално трениран коњ во сопственост на МВР, но оттаму ја отфрлаат оваа информација.

Неговата вредност се проценува околу 50.000 евра, а наводно бил украден од одделението за тренирање на полициски животни во Хиподром, пренесува „Лидер“.

Слични содржини