Пронајдена дрога и вага при претрес на келија во штипскиот затвор

од Берта Китинска
134 прегледи

Вчера во 16.30 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека при претрес во просторија каде се сместени осудените лица П.Т., А.Д., И.С. и Ѓ.В. била пронајдена кафеава прашкаста материја и вага.

Полициски службеници од СВР Штип излегле на местото и прашкастата материја и вагата биле одземени за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини