270
Триесет и седумгодишниот Ф.Б. од Скопје, вчера е лишен од слобода во СВР Охрид откако кај него била пронајдена дрога, соопшти МВР.
-При преглед извршен во автокамп лоциран на брегот на Охридското Езеро, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај него пронашле и одзеле кокаин и марихуана. Дополнително, при претрес извршен по судска наредба во неговата камп приколка, пронајдена е кеса со марихуана, наведуваат од МВР.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.