Полициски службеници од СВР Велес синоќа го лишиле од слобода И.Л.(47) од Велес.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес пронашле и одзеле бела тврда материја и две дигитални ваги.
Како што соопшти МВР, И.Л. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Фото: Архива