Полицијата ја пронајде мајката на новороденчето кое беше пронајдено мртво во ранец на карпи во Вила Сан Џовани во Италија, со папочната врвца сè уште непресечена. Бебето беше пронајдено од рибар во неделата околу 9 часот наутро меѓу карпите во пределот помеѓу прстаништето на бродска компанија за Сицилија и пристаништето Пецо.
Бебето било во ранец, завиткано во најлонска кеса, пренесуваат италијанските медиуми.
Карабинерите успеале да ја пронајдат мајката на бебето. Станува збор за 13-годишно девојче од италијанска националност.
Девојчето било идентификувано во домот на нејзините родители во Вила Сан Џовани. Веднаш била пренесена во болница и хоспитализирана поради септикемија.
Инспекторите засега не соопштуваат повеќе детали за случајот.
Денеска треба да се изврши обдукција на новороденчето. Истражителите сакаат да знаат дали бебето е мртво родено или починало подоцна.
Се работи и на реконструкција на целиот настан, за да се откријат сите детали и дали некој друг е вмешан во случајот.