Пронајдени 90 луѓе заробени во куќа во Хјустон

од Берта Китинска
341 прегледи

Пронајде се 90 лица заробени во една куќа во предградие на Хјустон, а постои сомнеж дека станува збор за жртви на трговија со луѓе.

Полицијата во Тексас  информираше дека меѓу нив биле само петмина мажи и дека на сите се изнесени од куќата и  веднаш им била укажана помош.

– Луѓето се наоѓаа во куќата, збиени еден до друг и во истата облека во која се донесени, истакна Дерин Едвардс од полицијата во Хјустон.

Неколкумина од жртвите имале симптоми на коронавирус, температура и губење на вкус и мирис.

Транспортирани се со автобуси, но засега е непознато каде ќе бидат сместени. Освен локалната полиција, во куќата влегле и агенти на Секретаријатот за внатрешна безбедност и Царинската и гранична управа.

Слични содржини