380
„На 25.1.2022г. во 15:42 часот во СВР Куманово било пријавено дека покрај железничка пруга во село Табановце, кумановско биле пронајдени две тела на починати лица-мигранти и се уште се вршат проверки за утврдување на нивниот идентитет“, информираат од полицијата.
Оттаму додаваат дека СВР Куманово извршил увид на лице место и се работело на утврдување на идентитетот на починатите лица.