Пронајдени коски во близина на „куќата на смртта“ на Вељко Беливук (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
407 прегледи

Дваесетина коски биле пронајдени вчера и денес на депонијата во Винча, близу Белград. Се сомнева дека станува збор за коски на жртвите на криминалната група на Вељко Беливук.

Веќе неколку дена полицијата детално ги пребарува областите околу викендичката и „куќата на смртта“, како што ја нарекоа српските медиуми, каде што тимот на Беливук ги убивале своите жртви. Полициски кучиња вчера и денес ги однеле полицајците на депонијата во Винча, каде биле пронајдени коските.

Коските биле испратени на анализа за да се утврди со сигурност дали се човечки, со оглед на тоа што не биле цели и да се утврди дали се работи за остатоци на некои од жртвите на Беливук.

Полицијата продолжува да го пребарува теренот околу имотот на тимот на Беливук, а се пребарува и на друга локација, која се чува во строга тајност, пренесува „Блиц“.

Беливук и 20 члена на неговата криминална група беа уапсени кон крајот на минатата недела.

Вељко Беливук и неговата криминална група, по бруталноста на злосторствата и начинот на организирање, многумина ги споредуваат со озлогласениот Земунски клан.

Минатата недела во Србија започна една од најобемните полициски акции извршени во последните 18 години во која падна криминалната организација скриена зад навивачката група „Принципи“, за која постои сомневање дека контролира добар дел од пазарот со наркотици во Србија, но стои и зад серија киднапирања и ликвидации.

Слични содржини