Пронајдени мртви легендарниот Џин Хекман и неговата сопруга!

од Nikola Popovski
156 прегледи

Легендарниот холивудски актер Џин Хекман е пронајден мртов во неговиот дом во Ново Мексико заедно со сопругата Бетси Аракава и нивното куче, соопшти полицијата во Санта Фе.

„Сè што можам да кажам е дека сме во средина на прелиминарна истрага за смртта и чекаме да биде одобрен налогот за претрес“, изјави Адан Мендоза, шериф на округот Санта Фе, додавајќи дека причината за смртта се уште не е утврдена, пишува „The Sun“.

Мендоза додал дека нема причина да се посомнева во нешто противзаконско.

Телата на сопружниците биле пронајдени заедно.

Да потсетиме, Хекмен беше најпознат по улогата на Бак Бароу во филмот „Бони и Клајд“. Тој исто така играше агент во филмот „Mississippi Burning“ од 1998 година, а исто така го играше Лекс Лутор во филмовите за „Supermen“ од 1970-тите и 1980-тите.

Беше номиниран за Оскар пет пати, освојувајќи два пати за филмовите „The French Connection“ и „Unforgiven“.

Актерот неодамна наполни 95 години.

Слични содржини