Семејството на последната жртва која исчезна во смртоносниот колапс на станбена зграда во Флорида соопшти дека нејзините остатоци биле пронајдени и идентификувани.
Наоѓањето на нејзините остатоци стави крај на неколкудневното чекање за семејството на 54-годишната Естела Хедаја, која исчезна во урнатините кога се урна зградата на 24 јуни, пишува Би-Би-Си.
Естел живеела на шести кат и работела во златарница.
Нејзиниот брат Икеј Хедаја за американските медиуми изјави дека полицијата оваа информација ја пријавила вчера на семејството.
Екипите кои работеа на пронаоѓање на исчезнатите во урнатините на зградата, поминаа неколку недели во потрага по нив, а во петокот потрагата официјално заврши. Во тоа време, Естел сè уште не беше пронајдена.
Градоначалникот на тој кварт, Левин Кава, во понеделникот рече дека волонтерите продолжиле „внимателно и прецизно“ да ги пребаруваат урнатините, барајќи смртни остатоци и исчезнати лични предмети.
Срушената зграда е изградена во 1981 година. Сместено е во Сурфајд, на околу десетина километри од Мајами бич. Во зградата имаше околу 100 станови.
Сè уште не е познато што доведе до уривање на зградата стара 40 години.