Нуркачите ги пронајдоа телата на уште двајца работници кои загинаа во хидроелектраната Барги во близина на Болоња, која беше поплавена по експлозијата, соопштија властите.
Со ова бројот на загинати во експлозијата во електраната, што се случи во вторникот, на длабочина од околу 40 метри под нивото на водата, се искачи на пет.
Продолжува потрагата по уште двајца исчезнати работници.
Експлозијата се случила на осмото ниво под површината, при што долниот кат се поплавил. Причината за експлозијата се уште не е позната, пренесува АП.