Пронајдени секири од камено доба стари 1,3 милиони години

од Vladimir Zorba

Археолози во Мароко obјавија откривање на најстарата локација за правење рачни секири во Северна Африка од камено доба, соопштија агенциите во средата, додавајќи дека меѓународен истражувачки тим соопштил дека локалитетот е стар 1,3 милиони години.

Откритието го поместува стотици илјади години наназад датумот на започнување во Северна Африка на индустријата за камени алатки, која е поврзана со клучниот човечки предок, хомо еректус, изјавија истражувачите за новинарите во Рабат.

Локалитетот е пронајден при ископувања во каменолом недалеку од мароканскиот економски главен град Казабланка.

„Ова големо откритие придонесува за збогатување на дебатата за потеклото на Ашел во Африка“, рече Абдерахим Мохиб, еден од директорите на програмата Француско-мароканската праисторија на Казабланка.

Пред ова откритие, се сметаше дека индустријата за камени алатки Ашел во Мароко е стара 700.000 години. Ново откритие на локацијата Каменолом Томас I ги прави тамошните Ашели скоро двојно постари.

Тимот од 17 члена кои го откриле овој локалитет се состои од марокански, француски и италијански истражувачи, а нивното откритие се заснова на проучување на камени алатки пронајдени на оваа локација.

Слични содржини