Пронајдено безживотно тело во базените на Катлановска бања

од Nikola Popovski
315 прегледи

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во еден од базените во Катлановска бања било пронајдено безживотно тело на починато лице, соопшти полицијата.

„На 31 март 2021 околу 10.20 часот во Полициската станица Петровец било пријавено дека било пронајдено починато лице во еден од базените во Катлановска бања,“ се вели во полициското соопштение.

Извршен е увид на местото, а екипа на Итна медициска помош констатирала смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција, додаваат од МВР.