Во атарот на радовишкото село Покрајчево денеска околу 10:30 часот полицијата го пронашла исчезнатиот деветгодишен малолетник од село Јаргулица, кого неговиот татко Љ.И. (44) синоќа го пријавил дека се оддалечил од дома.
ОД СВР Струмица информираат дека,веднаш по пријавувањето, полициски службеници од Полициската станица Радовиш, екипа од Територијалната противпожарна единица и граѓани започнале пребарување на теренот и денеска малолетникот бил пронајден во добра здравствена состојба.
Причините за оддалечувањето на детето од домот дополнително ќе се утврдуваат откако со него и неговите родители ќе биде извршен разговор.