352
Исчезнатото лице Диме Стојамиров е пронајден здрав и жив, благодарение на ОВР Неготино и соселаните кои неуморно со часови до овој момент трагаа по исчезнатото лице, известија попладнево од Фејсбук профилот посветен на неготинското село Тремник.
На социјалните мрежи претходно се проширија информации дека се трага по момчето од неготинското село.
Дека се трага по момчето, на возраст од 22 години, потврдија и од СВР Велес. Неговото исчезнување било пријавено синоќа во 22.15 часот во ОВР Неготино, од страна на неговиот чичко.