Двојниот убиец од Австрија, Роланд Дрекслер, по кој полицијата интензивно трагаше од понеделникот, 28 октомври, денеска е пронајден мртов во шумата во општина Арнрајт, потврди денеска на прес-конференција полицијата на Горна Австрија.
Убиецот бил пронајден во дупка во близина на пештера, а полицијата истражува дали сам си го одзел животот, јавува австрискиот јавен сервис ОРФ.
Случаен минувач го пронашол автомобилот на Дрекслер во петокот наутро во шумата во близина на Партенрајт во округот Рорбах, во близина на местото каде што тој застрелал две лица.
Полицијата започна голема потера по осомничениот по убиството на претседателот на австриската општина Кирхберг об дер Донау, Франц Хофер.
Во акцијата учествуваа 250 полицајци, меѓу кои хеликоптери и специјалци.
Дрекслер, ловец, побегнал од својот дом во Горна Австрија, откако бил осомничен дека пукал и го убил градоначалникот на градот, а потоа и поранешен полицаец.
Полицијата се сомнева дека Дрекслер имал список со уште 48 жртви кои планирал да ги убие, се вели во соопштението на австриската полиција.
Се вели дека Дрекслер бил во расправија за правата на лов со своите жртви – но не е јасно зошто конфликтот ескалирал.