ПРОПАДНА МАСОВНОТО ТЕСТИРАЊЕ ВО ВИЕНА: Граѓаните незаинтересирани дали се позитивни на корона

од Stefanija Kuzmanovska
337 прегледи

Масовното тестирање во Виена заврши со многу слаб одговор на граѓаните, поради што властите веќе размислуваат како да ги охрабрат Австријците да одговорат на поканата во следниот круг, планиран за јануари.

Во текот на десет дена биле тестирани вкупно 234.889 Виенци, што е 13,5 проценти од популацијата која имала право на бесплатен брз тест за антиген.

Виенските власти, како што беше соопштено за агенцијата АПА од кабинетот на секретарот за здравство Питер Хакер, имале подготвени капацитети за 1,2 милиони Виенци.

За време на тестирањето, откриен е 591 асимптоматски случај на коронавирусот.

Вкупно 1.515 позитивни брзи тестови беа проверени со PCR-тестови, од кои 725 беа негативни, а во 199 случаи резултатот сè уште е во очекување.

Масовното тестирање започна на 4 декември и траеше до недела.

На последниот ден е забележана најголемата излезност од повеќе од 29.000 луѓе.

Инаку, масовното тестирање беше спроведено во сите провинции, но тоа траеше најдолго во Виена.

Масовното тестирање, според одлуката на австриската влада, има за цел да открие асимптоматски заразени и со тоа да го прекине ланецот на инфекција.

Далеку подобар одговор на граѓаните е забележан во Долна Австрија, каде одговориле околу 35,73 проценти од населението.

Во Долна Австрија, 542.826 лица учествувале во доброволно тестирање, од кои 770 биле позитивни на коронавирусот.

Слични содржини