ПРОПАДНАА ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВАКЦИНИ: Дефект на фрижидер направи голема штета

од Stefanija Kuzmanovska
316 прегледи

Во Јапонија повеќе од 1.000 дози вакцини против коронавирус биле фрлени, бидејќи не биле складирани на соодветни температури поради дефект на фрижидерот, соопшти денеска Министерството за здравство.

Медицинската институција објави дека дефектот на фрижидерот се случил за време на викендот и дека пропаднале 172 шишиња вакцина или 1.032 дози, пренесува „Ројтерс“.

Министерството одби да го каже името на медицинската установа или производителот на фрижидерот, но соопшти дека производителот ќе ги испита причините за дефектот.

Досега, Јапонија доби три пратки од вакцината развиена од „Фајзер“ и „БиоНТек“, што е околу 1,4 милиони дози. Вакцината на „Фајзер“ и „БиоНТек“ мора да се чува на температура од околу минус 75 степени Целзиусови.

Слични содржини