ПРОПАГАНДИСТОТ на Кремљ: „Почитувани Руси, среќен ден на мешањето во американските избори!“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Олигархот и основач на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, за кој се верува дека е вториот најмоќен човек во Русија, пред неколку дена изјави дека се мешал во претседателските избори во САД во 2016 година, на кои Доналд Трамп ја победи Хилари Клинтон.

Не случајно ова „признание“ се случи само неколку дена пред конгресните избори во САД за целосно свикување на Претставничкиот дом и нешто повеќе од една третина од свикувањето на Сенатот.

Непосредно пред изборите се огласи и еден од озлогласените пропагандисти на Кремљ. Во криптичната порака, чија цел е тешко разбирлива, веројатно дури и за самиот автор, Владимир Соловјов резигнирано им го честиташе на гледачите „среќен ден на мешање во американските избори“ и додаде дека дојде денот кога „ние мора да се мешаме во нивните избори“.