Темна сила владее на земјата повеќе од еден век, но иде крај на нејзината доминација. Тоа го вели 80-годишен пророк од Алтај, цитиран од esoreiter.ru. Соселаните на дедо Маронх од малото село Акбом го почитуваат, бидејќи никогаш не погрешил во своите предвидувања. Понекогаш постариот маж паѓа во транс и почнува да зборува за иднината.

Според 80-годишниот пророк, страшна сила не им овозможува на луѓето да живеат мирно. Коренот на ова зло е далеку од границите на Русија, но се обидува да ја достигне, објаснува визионерот. Тој ги советува народите да се обединат за да можат да се спротивстават полесно на злата сила.