Проруските сепаратисти во Доњецк денеска објавија дека нивните сили целосно го освоиле пристаништето на стратешкиот град Мариупол, во југоисточна Украина.
„Што се однесува до пристаништето Мариупол, тоа веќе е под наша контрола“, рече лидерот на сепаратистите Денис Пушилин, додавајќи дека неколку илјади украински војници се уште се борат во областа Мариупол каде што се наоѓа фабриката Азостал.
Како што јави агенцијата Риа-Новости, претставникот на проруската сепаратистичка армија, Едуард Басурин, претходно денеска изјави дека неговите сили контролираат 80 отсто од областа на Мариупол.
Силите на самопрогласените „републики“ Доњецк и Луганск во источна Украина целосно учествуваат во руската инвазија на Украина на 24 февруари.
Повеќе од еден месец, руската армија и проруските сепаратисти го опседнаа Мариупол, на брегот на Азовското Море, каде што наидоа на жесток отпор од украинските сили и покрај интензивните бомбардирања.