Просечната нето-плата во Хрватска близу 1.000 евра

од Vladimir Zorba
310 прегледи

Просечната нето-плата по вработен во Хрватска за декември 2020 година изнесува 6.999 куни (923,8 евра), што е реално за 5,7 проценти повеќе на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во споредба со ноември минатата година, просечната декемвриска нето-плата беше реално поголема за 2,6 проценти.

Највисока просечна месечна плата во декември имале вработените во производство на кокс и рафинирани нафтени производи, во износ од 13.603 куни (1.795 евра), а најниски работници во подготовка и сервирање храна и пијалоци – 4.380 куни (578 евра) .

Според ДЗС, просечната нето плата за декември била 5.877 куни (777 евра), што значи дека половина од вработените имале помала, додека половина поголема плата од таа сума.

Просечната бруто-плата во декември беше 9.405 куни (1.241 евра), што е реално за 0,8 проценти повеќе отколку во ноември, или реално за 4,4% повеќе отколку во декември 2019 година.

Кога станува збор за целата 2020 година, просечната месечна нето-плата во Хрватска изнесува 6.763 куни (892,7 евра), што е реално зголемување од 2,6 проценти во споредба со претходната година.

Слични содржини