Просечната пензија во Бугарија надмина 1.000 лева (повеќе од 500 евра)

од desk2
54 прегледи

Просечната пензија во Бугарија за прв пат надмина 1.000 лева (нешто многу малку над 500 евра), соопшти бугарскиот Национален осигурителен институт.

Поточно, просекот на пензиските исплаќања во јули е 1.015,22 лева, што во однос на јули 2024 година е 81,28 лева повеќе (8,7%)

Расходите на државниот осигурителен фонд за пензиите за половина година изнесува 15,36 милијарди лева, што е 56,1% од испланираниот буџет за 2025 година, односно 1,6 милијарди лева повеќе расходи отколку во истиот период лани.