Придружени од локални археолози и експерти, групи од туристи ќе се потопат во возбудлива авантура со мини подморница во водите до Сицилија ова лето.
Смелите туристи имаат единствена можност да се нурнат на повеќе од 300 метри длабочина, за да откријат еден одамна изгубен свет на Сицилија.
Таа е полна со атракции, останати од античките Грци и Римјани. Голем дел од потонатото наследство на островот веќе може да биде видливо од малата подморница обезбедена од “Aurora Trust” и “SubSea Explorers” од која можат да се истражуваат античките разрушени кораби и потонати богатства расфрлани долж брегот на Италија. Подводните патувања ќе се одржат помеѓу јуни и август, а резервациите мора да бидат направени до крајот на овој месец.