Проширување на патот што го поврзува Росоман со новиот експресен пат и поддршка за земјоделците најави Николоски

Потпретседателот на ВМРО - ДПМНЕ рече дека ќе бидат обесштетени сите земјоделци кои претрпеле штети врз земјоделските имоти од лоши временски услови.

од Бисера Трајковска
13 прегледи

Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва на митингот во Росоман го нагласи проектот за проширување на патот што го поврзува Росоман со новиот експресен пат, како и изградбата на влезот во село Сирково од страна на новиот експресен пат. Нагласи дека е многу значајна и поддршката за земјоделците.

Николоски рече дека ќе бидат обесштетени сите земјоделци кои претрпеле штети врз земјоделските имоти од лоши временски услови.

– Покажа дека по претходните седум години владеење на СДСМ и ДУИ и овие осум години владеење тука во општината, ќе се случат промените. Росоман ќе се приклучи на големиот бран што се случува низ цела Македонија и ќе имаме градоначалник предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Би сакал да ви честитам на сите на резултатот, заеднички ќе работат кон реализација на бројни проекти што заедно со идниот градоначалник веќе Владата ги договори и ќе се реализираат тука. Ќе почнеме од она што претходниот градоначалник го имаше на располагање, а не сакаше да го реализира, тоа се некаде над петстотини илјади евра што веднаш ќе почнат да се реализираат во регионални и локални улици, што ќе почнат да се работат, подвлече Николоски.

Како што посочи,  резултатот во првиот изборен круг бил одличен, како и дека на 2 ноември ќе се слави голема победа, а Ѓорѓи ќе биде новиот градоначалник на Росоман.