Прослава на Денот на независноста во Цетиње: Развеано најголемото црногорско знаме (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
365 прегледи

Најголемото црногорско знаме од 5.000 квадратни метри било развиено во 18 часот на големиот паркинг на Туристичката организација во Цетиње, по повод прославата на Денот на независноста.

Пари за шиење на знамето биле донирани од граѓаните на Црна Гора, а за во 21 часот е најавен огномет, соопшти подгорички „Вијести“.

Знамето, кое било шиено од компанија од Босна и Херцеговина, зафаќа површина од 5.000 квадратни метри и тежи 700 килограми.

Денот на независноста, односно 15-годишнината од референдумот со кој Црна Гора се оддели од Србија, денеска се одбележува на повеќе локации во Цетиње, за што во градот, покрај тамошните жители, пристигна илјадници Црногорци од сите делови во земјата. Дел од медиумите во Црна Гора јавуваат дека со собирите се нарушени епидемиолошките мерки.

 

Слични содржини