451
Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ со години ужива во бракот со сопругот Бастијан Швајнштајгер со кој има три сина.
Откако стави крај на спортската кариера, ретко се појавува во јавноста, но затоа со своите фанови на Инстаграм споделува моменти од приватниот живот.
Така сега на споменатата социјална мрежа сподели фотографија од својот татко и на емотивен начин му го честита роденденот.
„Еден од најинспиративните луѓе во мојот живот. Секогаш си бил и ќе бидеш мој пример и херој. Среќен роденден тато! Те сакам“, напиша Ана покрај заедничката фотографија.