Проташевич ја призна вината

од Nikola Popovski
400 прегледи

Основачот на телеграм-каналот „Некст“, Роман Проташевич, во интервју за белорускиот државен телевизиски канал „ОНТ“ изјави дека се изјаснил за виновен за организирање неовластени протести по претседателските избори во Белорусија минатата година.

„Признавам дека бев меѓу луѓето кои објавија повици за неовластени протести од страна на властите. Штом ми доставија документи и покренаа обвиненија, се изјаснив за виновен. Како резултат на повиците кон кои се приклучив, главниот град Минск беше во хаос три дена“, вели Проташевич.

Говорејќи за неговото здравје, тој рекол дека се чувствува добро. Пред камерите, изјавил дека доброволно се согласил на ова интервју и дека не се шминкал за да нема шпекулации за можни повреди на лицето.

Проташевич беше уапсен на 23-ти мај откако авион на Рајанер беше пренасочен и слета во Минск.

Слични содржини