Протеинска салата со туна

од Stefanija Kuzmanovska
249 прегледи

Ручек полн со протеини кој се подготвува за 10 минути.

Состојки:

– 1 конзерва туна

– 1 мала конзерва слатка пченка

– 1 ротквица

– 1/2 свежа краставица

– 1/4 виолетова главица кромид

– сол, бибер по желба

– кисела павлака

– листови зелена салата

– малку сок од лимон

Подготовка:

Добро измијте ја зелената салата, исушете ја и искинете ја во големина што ви одговара.

Исцедете ја туната од маслото или водата. Зачинете со сол и бибер, по желба.

Во туната додадете ситно сечкан кромид, ротквици, свежа краставица и исцедена слатка пченка.

Наполнете ги листовите зелена салата со смесата.

Сето заедно прелијте го со малку кисела павлака и посипете со сок од лимон.

Слични содржини